Циклусот на раст на косата
Анагена фаза
Приближно 80% од нашата коса припаѓа во анагената фаза, која трае од 2-6 години. Фоликулите на косата во анагената фаза се интензивно активни и лежат на дното на епидермалното масно ткиво. Косата во анагената фаза има доволен квантитет на пигмент и интензивна боја; дневно расте околу 0,035цм и го одржува овој степен на раст во текот на целото траење на анагената фаза.
Катагена фаза
Катагената фаза следи после анагената фаза и трае во просек 2 недели. Во текот на катагената фаза фоликулите на косата стануваат неактивни, а делбата на клетките престанува. Фоликулите на косата почнуваат да се смалуваат, растот на косата запира и влакната се подготвуваат да паднат. Во просек 1 до 2 проценти од косата спаѓа на катагената фаза. Ова може да се нарече како период на транзиција кој ја подготвува косата да влезе во телогена фаза.
Во некои случаи катагената фаза исто така ја вклучува и дистрофичната катагена фаза. Во текот на оваа фаза косата лесно се крши и паѓа како резултат на болести, инфекции или лекови. Дистрофичната катагена фаза, нормално е присутна 0%, но доколку се јави завзема 1 до 2%.
Телогена фаза
Телегената фаза трае во просек 100 дена (3-4 месеци). Фоликулите на коса стануваат неактивни, растот на коса е инхибиран и влакната остануваат во фоликулите на косата за краток период пред да паднат. Околу 20% од косата припаѓа во телогената фаза. На крајот на телогената фаза, циклусот на растење на косата започнува повторно и косата влегува во анагената фаза. Како што фоликулите на косата се реформираат, нова коса почнува да расте и да излегува, овозможувајќи и на старата коса да падне.
Во случаите на паѓање на косата, циклусот на раст на косата подлежи на некои промени. Поконкретно процентот на коса во анагената фаза се намалува додека процентот на коса во телогената фаза се зголемува.
Сето горенаведено е просечна проценка на циклусот на растење на косата. Други генетски фактори, надворешни параметри и специфични услови предизвикуваат разлики во однесувањето на косата од индивидуа до индивидуа или дури и кај иста индивидуа.